24фудбал

Луда сторија на Тутоспорт за Абрамович, Нејмар, Конте и Интер

Денешното издание на Тутоспорт има луда сторија за иднината на Антонио Конте на кормилото на Челси

Англија

Италијанецот во својата прва година на Стемфорд Бриџ е на добар пат да ја освои Премиерлигата, а „Сините“ се во игра и за ФА Купот.

Но често се говори дека авантурата на Антонио Конте на „Островото“ ќе биде кратка и летоска тој ќе се врати во Италија, каде има богата понуда од Интер.

И покрај тоа што Италијанецот во неколку наврати истакна дека планира да продолжи со проектот на Челси, медиумите и понатаму пишуваат за неговата иднина.

Денешното издание на Тутоспорт има прилично луда сторија на оваа тема.

Весникот пишува дека Роман Абрамович сакал на Стемфорд Бриџ летоска да го донесе Нејмар и ги подготвил милионите за ангажман на Бразилецот.

Но сопственикот на Челси добил НЕ од Антонио Конте, стратегот го блокирал трансферот.

Според Тутоспорт ова е знак дека Антонио Конте не планира да остане во Челси и сериозно размислува да ја прифати понудата на Интер и новите сопственици од Кина, кои сакаат да ги вратат „Нероаѕурите“ на врвот во Италија и Европа.