24фудбал

Ростов откри што имало во мистериозната кутија која ја добија од Жозе Мурињо (ФОТО)

Жозе Мурињо имаше „специјален“ подарок за гостите од Русија минатата недела, а Ростов сега откри што имало во мистериозната кутија која ја добија од Португалецот

Лига Европа

Пред почетокот на дуелот на Олд Трафрод во Лига Европа, камерите го уловија менаџерот на Манчестер јунајтед пред гостинската соблекувална како предава мистериозна црна кутија, потег кој предизвика голем интерес кај фановите.

Ростов сега ги реши сите дилеми и на социјалните мрежи го откри подарокот од Португалецот.

Клубот од Русија добил мала реплика на трофеј на кој е изгравиран грбот на „Црвените Ѓаволи“ со детали од натпреварот.

„Во црната кутија од Жозе Мурињо беше овој супер кул подарок за спомен! – гласеше пораката на Твитер заедно со слика од трофејот.