24фудбал

Венгер за фамозната понуда од 40.000.001 фунти: Имавме договор со Суарез... прашајте го

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер открива дека тие имале договор со Луис Саурез во 2013 пред да ја достават фамозната понуда до Ливерпул вредна 40.000.001 фунти

Англија

„Топчиите“ пред четири години се обидоа да го ангажираат Луис Суарез од Ливерпул.

Арсенал верувеше дека играчот има откупна клаузула од 40 милиони фунти, па достави понуда од 40.000.001 фунти со цел да ја активираат.

Но Ливерпул не сакаше да слушне за продажба и го одби предлогот на клубот од Северен Лондон.

Потоа Луис Суарез доби нов побогат договор, за следното лето да биде продаде на Барселона во зделка вредна околу 80 милиони евра.

„Тој беше блиску до потпис со Арсенал – вели Венгер во разговор со беИн Спорт.

„Имавме договор со играчот. Очигледно бевме лошо советувани за неговата откупна клаузула, но се имавме договорено со играчот. Можете да го прашате.

„Убеден сум дека тој сакаше да се пресели во Арсенал. Го задржаа уште една година, му го подобрија договорот и му ветија дека ќе го продадат следното лето на клуб од странство.