24фудбал

Мурињо пристигна во Загреб по дуото на Интер

Жозе Мурињо денеска е во Загреб, менаџерот на Манчестер јунајтед престојот во Хрватска ќе се обиде да го искористи за да стигне до услугите на Иван Перишиќ и Марсело Брозовиќ

Англија

Како што пренесуваат медиумите од Хрватска, Жозе Мурињо допатувал во Загреб за ја претрка конкуренцијата, конкретно Челси и Ливерпул, во битката за потписот на Иван Перишиќ од Интер.

Се шпекулира дека менаџерот на Манчестер јунајтед е голем фан на 28 годишниот репрезентативец на „Коцкастите“ и во преговорите посредник ќе биде Предраг Мијатовиќ.

Извештаите велат дека „Црвените Ѓаволи“ се спремни да платат 40 милиони евра за услугите на Иван Перишиќ.

Престојот во Хрватска, Жозе Мурињо ќе го искористи и за лично да се увери во квалитетите на уште еден играч на Интер, Марсело Брозовиќ, кој исто така е на листата со желби.

Хрватска вечер ја пречекува Украина, а „Специјалниот“ ќе биде на трибините на Максимир.

Иван Перишиќ поради жолти картони нема да биде во комбинација за настап.