24фудбал

„Кутињо е идеален наследник на Иниеста“

Поранешниот играч на Барселона и Ливерпул, Луис Гарсија вели дека Филипе Кутињо за две до три години би можел да го наследи Андрес Иниеста на Камп Ноу

Шпанија

Бразилецот подолго време се поврзува со трансфер на Камп Ноу, и во дебатата сега се приклучи Луис Гарсија, кој има настапувано и за Барса и за Ливерпул.

„Често се пишува за негова преселба во Барселона, и сигурно тоа ќе биде тешка одлука за Кутињо, се надевам дека ќе остане во Ливерпул – вели Луис Гарсија.

„Кутињо е многу важен играч за Ливерпул, па би сакал да го видам уште неколку години во дресот на „Црвените“.

„Иниеста веројатно ќе биде во првиот тим на Барса уште две до три години, и верувам дека Кутињо со квалитетот и техниката која ја има ќе биде идеален фудбалер да го наследи.