24фудбал

Македонија моќна против Лихтенштајн, победа која ветува (ВИДЕО)

Македонската репрезентација одигра одличен меч против Лихтенштајн и со убедливи 3-0 дојде до првите бодови во квалификациската група за Светското првенство во Русија.

Македонија

Македонската репрезентација ја оправда фаворитската улога против Лихтенштајн, избраниците на Ангеловски одиграа моќен меч, доминираа во сите 90 минути, искористија три шанси и дојдоа до победата.

Лихтенштајн играше бункер, па на македонските фудбалери им беше тешко додека ја разбијат таквата одбрана. Големи шанси пропуштија Несторовски и Пандев, а обид од далечина имаше и Спировски.

Во 43. минута конечно беше затресена мрежата, по убава асистенција од Тричковски, Николов постигна убав гол со волеј за водство на Македонија од 1-0.

Со водството притисокот беше намален, па играта во второто полувреме течеше полесно.

Во 68. минута по убава асистенција од Горан Пандев, Несторовски реализира со глава за водство од 2-0. Напаѓачот на Палермо пет минути подоцна ги постави и конечните 3-0.

Македонија можеше да слави и поубедлива победа но во самиот финиш Несторовски промаши пенал за хет-трик.

Убава победа на македонската репрезентација иако противникот е значително послаб од нас. Триумф кој носи самодоверба и може позитивно да влијае во продолжението од квалификациите.