24фудбал

Верати: Добро ми е во ПСЖ, но Интер и Јувентус...

Ѕвездата на ПСЖ, Марко Верати одново говори за својата иднина, вели дека се чуствува добро во Париз но ја остава вратата отворена за преселба во Серија А

Италија

24 годишниот Италијанец постојано инсистира дека е среќен во ПСЖ, но и покрај тоа продолжува да „флертува“ со заинтересираните екипи.

На почетокот од овој месец истакна дека Барселона е единствениот клуб поради кој е спремен да замине од Париз, но на оваа листа сега додаде нови имиња.

„Да се вратам во Италија? Во моментов се чуствувам добро во Париз – вели Марко Верати во разговор со Раи Спорт.

„Серија А е одлично првенство, исто како Шпанија и Англија. Па ако еден ден решам да заминам од Париз, ќе ги разгледам сите опции.

„Во моментов има два тима кои имаат желба и финансиска моќ да инвестираат, како Интер и Јувентус.

„Минатото лето Јувентус инвестираше голема сума на пари за да го купи Игуаин. Забележаа голем напредок изминатиов период и во моментов се помеѓу четирите најдобри тимови во светот.

„Па ако еден ден решам да го напуштам Париз, без проблем би се преселил во Серија А.