24фудбал

Скандал во Колумбија: Хамес Родригез им покажа среден прст на новинарите

Ѕвездата на Реал Мадрид и Колумбија, Хамес Родригез е во центарот на вниманието поради скандалозен гест кој им го упати на новинарите од неговата земја.

Јужна Америка

Пред гостувањето кај Еквадор со кој треба да одигра квалификациски меч, Колумбија ја тресе мини скандал благодарение на капитенот на селекцијата, Хамес Родригез.

Колумбија имаше низа од четири меча без победа пред триумфот над Боливија од 1-0, во кој Родригез промаши пенал, но веднаш се поправи и реализираше за триумф.

Пред еден од тренинзите на Колумбија, Хамес Родригез бил сликан од фотограф на Франс Прес како покажува среден прст. Пред него имало тројца новинари и двајца фотографи.

Се уште нема соопштение од Колумбискиот национален тим, ниту од Хамес Родригез, па изгледа се надеваат дека инцидентот ќе помине без многу врева.

Но веста за непристојната гестикулација на Хамес е главна во Колумбија. Се верува дека тој средниот прст им го покажал на новинарите поради критиките упатени кон него за играта против Боливија.