24фудбал

Од Баерн тешко се купува играч, еве како културно ја одбија Барса за Алкантара

Медиумите од Шпанија пишуваат дека „Каталонците“ оствариле контакт со Баерн Минхен за трансфер на Тиаго Алкантара но „Баварците“ на културен начин кажале НЕ

Шпанија

Пред десетина дена медиумите блиски до Барселона почнаа да шпекулираат дека лидерите на клубот сакаат да го вратат на Камп Ноу, Тиаго Алкантара, кој во 2013 си замина поради малата минутажа.

Но Баерн Минхен е клуб кој тешко ги продава играчите кои ги смета за важен дел од плановите за иднината.

Па откако Барселона остварила контакт и се распрашувала за Тиаго Алкантара, лидерите на шампионот на Германија на културен начин ги одбиле своите колеги од Шпанија.

Тие им соопштиле дека Тиаго Алкантара може да замине но само за 90 милиони евра, свесни дека оваа сума Барса никогаш нема да ја плати за играч кој потекнува од нивната младинска школа.

Овој одговор е јасна порака дека Шпанецот не е на продажба, и „Каталонците“ веднаш се повлекле.

Се очекува во скоро време Тиаго Алкантара да биде награден со нов побогат договор.