24фудбал

Чаби Алонсо открива: За 3 милиони фунти не се преселив во Арсенал и Јувентус

Чаби Алонсо открива дека бил блиску да го напушти Ливерпул во фамозната 2008, но поради 3 милиони фунти му пропаднал трансферот во Арсенал и Јувентус

Англија

Шпанецот беше еден од најдобрите играчи на Ливерпул, но во 2008, Рафа Бенитез беше подготвен да го жртвува својот сонародник за на Енфилд да го донесе добриот пријател на Стивен Џерард, Герет Бери од Астон Вила.

Чаби Алонсо сепак не беше продаден тоа лето, но 12 месеци подоцна се пресели во Реал Мадрид во трансфер вреден околу 30 милиони фунти.

Играчот во разговор со Ливерпул Ехо сега проговори за фамозната 2008 и откри дека поради 3 милиони фунти му пропаднал трансферот во Арсенал и Јувентус.

„Бенитез беше прилично отворен – вели Алонсо. „Јасно ми покажа што сака. Му кажав дека тој е главен и дека морам да ја прифатам неговата одлука, но на крајот ништо не се случи.

„Таков е фудбалот и немав никаков проблем со него. Веројатно одлуката влијаеше врз мене на психолошки план. Се промени мојата позиција во тимот. Не очекував дека менаџерот ќе сака да ме продаде.

„Бев блиску до Јувентус и Арсенал. Ливерпул бараше 18 милиони футни, но двете понуди беа вредни само 15 милиони фунти!

„Па затоа не се случи ништо тоа лето.