24фудбал

Манчини го пецна Гвардиола: Премиерлигата е различна приказна, Англија не е Шпанија и Германија

Поранешниот предводник на „Граѓаните“, Роберто Манчини објасни зошто Манчестер Сити се мачи оваа сезона и покрај тоа што на кормилото го има одличниот Пеп Гвардиола

Англија

Италијанецот во 2012 на Манчестер Сити му ја донесе првата титула во Премиерлигата, но 12 месеци подоцна доби отказ.

На негово место дојде Мануел Пелегрини, но и тој доби „клоца“ за да се направи место за Пеп Гвардиола, кој важи за најдобриот тренер во светот.

Шпанецот има разочарувачка прва сезона, Манчестер Сити е далеку од битката за титулата, а доживеа и елиминација уште во осминафиналето од Лигата на Шампионите.

Роберто Манчини во разговор со медиумите од „Островото“ сега објазни зошто „Граѓаните“ се мачат.

„Гвардиола е одличен теренер, но тие се мачат и има причина за ова – вели Италијанецот.

„Тој во Шпанија, како тренер на Барса, го имаше Меси, Иниеста и феноменален тим. Плус, Ла Лига е првенство во кое само два клуба се борат за титулата, Реал Мадрид им е единствен ривал.

„Потоа отиде во Германија, каде Баерн Минхен секогаш победува па тој ни таму немаше тежок живот.

„Но приказната е различна во Премиерлигата, во Англија дури шест екипи се борат за титулата, и сега тој има проблеми.

„Од 2012 па наваму, Манчестер Сити има најсилен состав па изненаден сум од резултатите“.