24фудбал

Судот ја образложи одлуката за намалување на суспензијата на Адеми

Судот за спортска арбитража ја објасни одлуката за намалување на четиригодишната суспензија на македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми.

Македонија

Судот за спортска арбитража донесе одлука за намалување на казната на Аријан Адеми од четири на две години суспензија. Македонскиот репрезентативец на теренот ќе се врати од 7. октомври 2017 година.

Во образложението се наведува дека жалбата на Адеми е уважена и казната е намалена од четири на две години бидејќи се работи за ненамерно користење на супстанцата „Станозолол“. 

Адеми во игра се враќа на 7. октомври а ден претходно Македонија игра против Италија квалификациски натпревар. Тој нема да може да настапи на овој меч, но може да биде во комбинација за дуелот на 9. октомври против Лихтенштајн во Скопје.