24фудбал

Марадона: Немам никаква врска со суспензијата на Меси, сите видовме што кажа

Легендата на Аргентина, Диего Марадона вели дека тој нема никаква врска со суспензијата од четири натпревари на неговиот сонародник Лео Меси, и додава дека сите виделе што кажал фудбалерот на Барса

Јужна Америка

На неколку часа пред денешниот дуел со Боливија, Лео Меси доби максимална суспензија од четири натпревар за употреба на навредливи зборови кон помошникот на дуелот помеѓу Аргентина и Чиле во петокт.

Одлуката на ФИФА разви голема дебата, особено поради тоа што во извештајот на судиите немаше ништо за инцидентот, и тој дополнително бил вметнат неколку дена подоцна, па дури вчера почна да се говори за казна на Лео Меси.

Па на социјалните мрежи можат да се сретна многу теории, некои велат дека ФИФА на овој начин му се одмаздува на Аргентинецот што не се појавил на гала вечерта во Цирих за доделување на наградите за најдобрите во годината и церемонијата „Д Бест“.

Има и стории кои велат дека Диего Марадона, кој доби работа во ФИФА, му забил нож во грб на својот сонародник и инсистирал за ваква драконска казна.

Диего Марадона сепак експресно се огласи и ги демантираше ваквите стории.

„Немам никаква врска со суспензијата на Меси” – вели Марадона „Не ни знев дека добил суспензија.

„Вакви работи се случуваат, сите видовме дека го навреди судијата”.

„Пред некое време слично нешто му се случи на Ибрахимович. Удри противнички играч со лакт, и по прегледување на снимките доби три натпревари суспензија.