24фудбал

Бразил продолжува моќно, Аргентина не може без Меси (ВИДЕО)

Бразил со 3-0 го победи Парагвај и дојде и му фали уште само една победа за пласман на Светското првенство во Русија, Аргентина со 2-0 загуби на гостувањето кај аутсајдерот Боливија.

Јужна Америка

Квалификациите за Светското првенство Бразил ги игра во фантастична форма, ноќеска го победи Парагвај со 3-0 и сега има девет бода предност пред второпласираната Колумбија.

Бразил поведе во 34. минута со одличен гол на Кутињо по еден-два проигрување со Паулињо.

По осум минути игра во вториот дел Нејмар промаши пенал, но десет минути подоцна постигна прекрасен гол за 2-0.

На четири минути до крајот Марсело ја запечати победата на Бразил и ги постави конечните 3-0.

Аргентина без Лео Меси кој беше суспендиран пред натпреварот со Боливија, загуби со 2-0. Боливија е аутсајдер, но тешко се игра на тој терен поради високата надморска височина и реткиот воздух. 

Колумбија со 2-0 славеше на гостувањето кај Еквадор, Чиле со 3-1 ја совлада Венецуела, Перу со 2-1 беше подобар од Уругвај.