24фудбал

„Перез и Реал добро знаат дека тоа е невозможно“ – Румениге го потврди цврстиот став на Баерн

Претседалот на Баерн Минхем, Карл Хајнц Румениге уште еднаш порача дека тие не ги продаваат играчите кои се важен дел од тимот, па Роберт Леванвоски нема да заврши во Реал Мадрид

Галерија

Полјакот често се поврзува со преселба на Сантијаго Бернабеу, но во пресрет на дуелот помеѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид во Лигата на Шампионите, шампионот на Германија истакна дека ова е невозможна мисија.

„Како прво, никогаш кога сме разговарале со Флорентино Перез не сме го спомнале Роберт Левандовски – вели претседателот на Баерн, Карл Хајнц Румениге во разговор со АС.

„Како второ, двајцата знаеме дека тоа е невозможно.

„Перез знае дека нема шанси да продадеме играч кој сакаме да го задржиме и кој е важен дел од тимот.

„И во Мадрид ситуацијата е слична. Елитните клубови од Европа се почитуваат и знаат што е возможно а што не.

„Пред две години им го продадовме Тони Крос а тие на нас ни го продадоа Чаби Алонсо, размена на играчи која беше од корист за двата тима