24фудбал

„Можеби жена му го изневерила со голем црнец“ – Фелипе Мело на брилијантен начин одговори на расистичките навреди

Поранешниот играч на Јувентус и Интер, Фелипе Мело се пожали дека бил навреден на расна основа, и испрати брилијантен одговор до противникот

Јужна Америка

Бразилецот сега ги брани боите за Палмеирас, и неговиот тим рано утрово ги одмери силите со Пењарол во Копа Либертадорес.

Фелипе Мело предизвика голема бура откако по крајот на натпреварот се пожали дека бил навреден на расна основа.

Фудбалерот од средниот ред исто така ги освои симпатиите на социјалните мрежи со брилијантната порака до противникот.

„Играчот кој влезе во второто полувреме и го постигна вториот гол (Гастон Родригез) ме нараче мајмун – откри Мело.

„Во неколку наврати ме нарече мајмун, сигурен сум дека камерите го уловиле.

„Мислам дека човекот има некаков проблем, сигурно жена му го изневерила со голем црнец или нешто слично.

Фелипе Мело исто така вели дека пред неколку години сигурно ќе му удрел бокс на противникот, но благодарејќи на Бог тој сега е посмирен.

„Доколку беше стариот Фелипе, ќе му удреше една. Но Бог ме пробрази и сега сум многу посмирен и можам да се контролирам.