24фудбал

Со осум напаѓачи против Јувентус

Тренерот на Барселона, Луис Енрике вели дека е подготвен да ризикува толку многу против Јувентус што дури би играл и со осум напаѓачи.

Лига на Шампиони

Барселона доживеа уште еден дебакл на гостински терен, овој пат загуби со 3-0 од Јувентус во Торино. Мисијата против ПСЖ која изгледаше дека е невозможна, Каталонците ја решија во своја полза. Тоа им дава позитивна мисла и пред реваншот против италијанскиот тим.

Таквите се размислувањата и на Луис Енрике, тој е сигурен дека во некој период од мечот Барселона ќе биде блиску до пресврт.

„Сигурен сум дека во некој период од натпреварот ќе бидеме блиску до пресврт. Ќе ризикуваме доколку многу, што не ја отфрлам ниту можноста да играме со осум напаѓачи. Немаме што да загубиме“ - вели Луис Енрике.