24фудбал

Жолт картон за гол посветен на загинатиот брат (ВИДЕО)

Гиљермо Битеко во Купот на Бразил постигна гол за својата Парана против Виторија, голот му го посвети на својот брат Матеус кој е еден од загинатите фудбалери на Чапекоенсе, а судијата строго ги почитуваше правилата и му даде жолт картон.

Јужна Америка

Битеко во игра влезе во 73. минута кога неговиот тим имаше водство од 1-0 и се најде на вистинското место, постигна гол за конечни 2-0.

Кога го постигна голот, го соблече дресот по кој имаше маица посветена на неговиот загинат брат. Битеко беше облеан во солзи, покажуваше накај небото, па падна на колена во плач.

Но, и покрај таквата ситуација, судијата не сакал да ги заобиколи правилата, му покажал жолт картон на фудбалерот поради соблекување на дресот.

Според бразилските медиуми, судијата барем почекал да помине емотивниот момент, па после му доделил жолт картон.