24фудбал

Почина аргентинскиот фан кој беше фрлен од трибина (ВИДЕО)

Аргентинскиот фан не ги издржа тешките повреди на главата откако беше фрлен од трибина на мечот помеѓу Белграно и Таљерес, по два дена во кома денеска почина.

Јужна Америка
Тажни вести стигнуваат од Аргентина, 22-годишниот Емануел Балбо кој два дена беше во кома откако беше фрлен од трибина, денеска починал.
 
Веднаш по инцидентот Балбо со тешки повреди на главата беше префрлен во болница, но издржал само два дена по што им подлегнал на повредите.
 
Најпрво се мислеше дека станува збор за навивач кој се нашол на погрешна трибина, но таткото на Емануел обвини дека неговиот син е жртва на лице кое во 2012 година го убил и неговиот втор син.
 
Со соопштение по повод немилиот настан се јави и клубот Белграно и вети дека ќе се ангажира случајот да добие и правна разрешница.
 
„Клубот Белграно далбоко жали за смртта на Емануел Балбо, како институција кога го организираше настанот ќе бара правдата да биде задоволена. Сакаме да искажеме наше сочувство до фамилијата и пријателите“ - се вели во соопштението на клубот.