24фудбал

Фудбалер на Кристал Палас му го „плесна“ на Пике и преку ноќ стана популарен (ФОТО)

Левиот бек на Кристал Палас, Папе Суаре го „истрола“ Жерард Пике на социјалните мрежи и преку ноќ стана популарен

Лига на Шампиони

Судиските грешки на Виктор Кашаи и неговите помошници на дуелот помеѓу Реал Мадрид и Барселона се топ тема утрово.

Жерард Пике, кој е најгласен во обвинувањата дека Реал Мадрид добива помош од судиите, не пропушти прилика да го „пецне“ лутиот ривал.

И покрај тоа што играчот на Барселона не кажа ништо и твитна само три точки по голот од офсајд на Кристијано Роналдо за 2-2, сите знаат на што алудираше дефанзивецот, па Жерард Пике ги „запали“ социјалните мрежи.

Еден од првите кој му одговори на фудбалерот на „Каталонците“ е левиот бек на Кристал Палас, Папе Суаре.

Тој убаво ја „истрола“ ѕвездата на Барселона, и го потсети за фамозната вечер на Стемфорд Бриџ во 2009, кога на дуелот со Челси добија помош од судијата, и тогаш „Сините“ беа тие кои „гремеа“ по арбитарот за неколку спорни ситуации и четири пенали кои не им биле досудени.