24фудбал

Алвеш откри што му кажал на Нејмар по натпреварот

Фудбалерот на Јувентус, Дани Алвеш открива како го тешел неговиот поранешен соиграч и сонародник Нејмар по елиминацијата на Барселона од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Нејмар е еден од фудбалерите кои најемотивно ги прифаќаат поразите, па не беше поразличен ниту вчера кога Барселона беше елиминирана од Лигата на шампионите од Јувентус.

Нејмар беше облеан во солзи, а Дани Алвеш беше фудбалерот кој го тешеше.

„Му реков дека ова е фудбал, и едноставно се случуваат вакви работи“ - открива Алвеш.

„Претходно веќе му имав кажано дека не сакам да се сретнам со Барселона поради се тоа што го имавме заедно, но таков е фудбалот и чувствата треба да ги елиминирате“.

„Сите ги бранат боите на својот клуб и Нејмар не треба да биде тажен. Ова е само пораз, треба да продолжи понатаму“.