24фудбал

Алегри: И цел ден да игравме, Барса немаше да ни даде гол

Тренерот на Јувентус, Масимо Алегри ја пофали играта во одбрана на неговите избраници, вели дека и цел ден да играле, „Каталонците“ немале да дадат гол

Лига на Шампиони

„Старата Дама“ вчера одигра брилијантно во дефанзива и целосно ја неутрализираше Барселона.

Домаќините само во неколку наврати се заканија поопасно, но тоа не беше доволно за да ја затресат мрежата на Џиџи Буфон.

„Многу сум среќен од залагањето на момците и она што го прават – рече тренерот на Јувентус, Масимо Алегри по крајот на натпреварот.

„Вечерва сите беа неверојатни. И цел ден да игравме, Барса немаше да ни даде гол”.

„Не паметам кога Барса не успеала да даде гол на два натпревари.