24фудбал

„Еј Трамп, не гради ѕид, купи ги Бонучи и Киелини“

Италијанскиот спортски новинар, Фабрицио Романо преку својот твитер профил му даде предлог на Доналд Трамп наместо да гради ѕид на границата со Мексико, да ги купи Бонучи и Киелини, ќе го чини поевтино.

Лига на Шампиони

Јувентус ја елиминира Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите без да прими гол. Ретко кој може да се пофали дека мрежата му останала мирна во два натпревари со каталонскиот гигант.

Во срцето на дефанзивата на Јувентус се Леонардо Бонучи и Џорџо Киелини, тандем кој се покажа непробоен за најдоброто напаѓачко трио, Меси, Суарез и Нејмар.

Па италијанскиот спортски новинар, Фабрицио Романо преку својот твитер профил му даде интересен предлог на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Еј Доналд Трамп, не гради ѕид, купи ги Бонучи и Киелини! Ќе ти биде полесно и поевтино“ - твитна Романо.