24фудбал

Бонучи му го побара дресот на Меси на сред натпревар па доби „воспитна“ од Киелини (ВИДЕО)

Камерите на ЕСПН уловија интересен момент на вчерашниот дуел помеѓу Барселона и Јувентус, Бонучи му го побара дресот на Меси па доби „воспитна“ од Киелини

Лига на Шампиони

На неколку минути пред крајот на дуелот на Камп Ноу, кога беше јасно дека Барселона нема шанси за чудо, Леонардо Бонучи реши да си го „капариса“ дресот на Лео Меси.

Дефанзивецот на Јувентус очигледно свесен дека и други ќе сакаат мал сувенир од најдобриот фудбалер на денешницата, на сред игра му довикна на напаѓачот на Барселона и го праша дали ќе ги разменат дресовите.

Овој потег не му се допадна на Џорџо Киелини, кој му даде една „воспитна“ на својот колега од одбраната.

На крајот желбата на Бонучи сепак беше исполнета, Меси го замени дресот со Италијанецот.