24фудбал

Манчестер јунајтед по продолженија го совлада Андерлехт, Рохо и Ибрахимовиќ се повредија (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед дури по 120 минути игра го победи Андерлехт со 2-1 и се пласираше во полуфиналето од Лига Европа, поради повреди натпреварот порано го завршија Ибрахимовиќ и Рохо.

Лига Европа

Манчестер јунајтед со тешки маки се пласира меѓу четирите најдобри во Лига Европа. Натпреварот почна одлично за нив, уште во 10. минута со гол на Мхитаријан поведоа со 1-0.

Во тие моменти се чинеше дека нема да имаат проблем, но Андерлехт преку Хани во 32. минута изедначи на 1-1.

Манчестер јунајтед пропушти неколку одлични шанси да го реши натпреварот во второто полувреме, но не успеа да постигне гол до 90. минута па мечот отиде во продолжение.

Дури во 107. минута Рашфорд постигна за водство од 2-1 кое значеше и победа. До крајот Андерлехт имаше шанси и за изненадување, но не успеа.

Дополнителен проблем за Манчестер јунајтед се и повредите на Рохо и Ибрахимовиќ кој предвреме го завршија мечот.

Интересно беше и на дуелот помеѓу Шалке и Ајакс кој исто така имаше продолженија. Во регуларниот дел Германците победија со 2-0, а Ајакс во 80. минута доби и црвен картон.

Шалке поведе со 3-0 и тој резултат ги носеше во полуфинале, но до крајот на мечот Ајакс постигна два гола за конечни 3-2.

Продолженија се играа и на дуелот помеѓу Бешикташ и Лион кој беше решен на пенали. По 120 минути игра беше 2-1. Лион победи на пенали со 7-6.

Селта ја сочува предноста во Белгија, натпреварот против Генк заврши 1-1.