24фудбал

Извлечени двојките за полуфиналето од Лига Европа

Денеска во Нион беше извршена и ждрепката за полуфиналните натпревари од Лига Европа, Манчестер јунајтед за противник го доби тимот на Селта.

Лига Европа

Познати се полуфиналните двојки во Лига Европа, четирите екипи дознаа која ќе им биде последната пречка за пласман до финалето од најмасовното натпреварување.

Манчестер јунајтед ќе игра против Селта, Ајакс за противник ќе го има Лион.


Полуфинале Лига Европа:

Ајакс - Лион

Селта - Манчестер јунајтед


Првите натпревари се играат на 4. мај, реваншите се седум дена подоцна.