24фудбал

Академија Пандев експресно избори место во елитата!

Академија Пандев е нов прволигаш, клубот од Струмица денеска победи со 1-3 на гостувањето кај Тиквеш и си обезбеди место во елитата

Македонија

Клубот на Горан Пандев продолжува да испишува нови страници од својата историја, тимот од Струмица по само една сезона во втората лига, експресно си обезбеди билет за најсилното првенство на Македонија.

Попладнево Академија Пандев со 1-3 славеше на гостувањето во Кавадарци со Тиквеш и стана новиот прволигаш на пет кола до крајот на сезоната.

Атанасов во 6. минута донесе водство за гостите, а на стартот од вториот дел Лазарев изедначи на 1-1.

Но Академија Пандев брзо се врати во предност со погодокот на Атанаскоски во 54. минута, а точка на средбата и големо славје донесе Атансов во завршните мигови од натпреварот.

Резултати Втора МФЛ:

Еуромилк - Металург 3:3
Хоризонт Турново - Новаци 2:2
Тетекс - Скопје 0:1
Тиквеш - Академија Пандев 1:3
Вардар Неготино - Велазерими 0:0