24фудбал

Вардар славеше на жешкото гостување кај Шкупи во Чаир

Македонскиот шампион со цел плен се враќа од Чаир откако со 2-0 го победи Шкупи, мечот помина во сенка на инцидент со знаме на „Голема Албанија“.

Македонија

Вардар запиша три нови бода, откако со 2-0 го совлада скопскиот ривал Шкупи, но мечот го одбележа еден нефудбалски момент.

Над стадионот во Чаир, се појави знаме на „Голема Албанија“ идентично како она на контроверзниот натпревар помеѓу Србија и Албанија во Белград.

На теренот Вардар беше подобриот противник и со гол на Балотели во првото полувреме и Барсегјан во вториот дел дојде до победа.

Пелистер со гол на Трифуновски во финишот од мечот го доби пелагониското дерби против Победа.

Шкендија одигра нерешено на гостувањето кај Силекс, 1-1. Филиповски донесе водство за кратовчани на стартот од вториот дел, Жуниор брзо го изедначи резултатот.

Ренова со убедливи 4-0 ја торпедираше екипата на Брегалница. Два гола беа дело на Нафиу, по еден постигнаа Велинов и Мишковски.