24фудбал

Пике му одговори на Рамос: Кога ќе отиде дома и ќе погледне што направил ќе се покае (ВИДЕО)

Жерард Пике експресно му одговори на Серхио Рамос, вели дека дефанзивецот кога на повторени снимки ќе го види стартот за кој доби црвен картон ќе се покае за провокацијата

Шпанија

Двајцата дефанзивци го обоновија ривалството откако Серхио Рамос беше исклучен за опасен старт со две нозе врз Лео Меси.

Капитенот на Реал Мадрид не беше задоволен од одлуката на судијата, веруваше дека бил престрого исклучен, па кога го напушти теренот испрати провокација до Жерард Пике.

Камерите го уловија Серхио Рамос како му довикнува на ривалот од Барселона “Ајде збори сега, збори сега“ и го потсети како покажувал кон свечената ложа на Ел Мадригал и дуелот со Виљареал.

Дефанзивецот на „Каталонците“, кој често се жали дека Барселона е жртва на судиски грешки а „Кралевите“ секогаш добиваат помош од судиите, експрено одговри.

„Видов дека го впери прстот кон мене и кажа нешто – рече Пике по крајот на натпреварот.

„Кога ќе отиде дома и на повторена снимка ќе го види стартот, ќе се покае зошто црвениот картон беше чист.

„Сигурно дома ќе увиди дека заслужил црвен. Стартуваше со две нозе врз Меси и не ја допре топката.

„На Бернабеу се навикнати судиите да бидат пропустливи па иако судијата добро пресуди, тој е негативецот.