24фудбал

Роналдо „експлодираше“ по победоносниот гол на Меси: Направете му фаул (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо „експлодираше“ по голот на Лео Меси во 92. минута, камерите го уловија Португалецот како нервозно довикнува „требаше да му направите фаул“

Шпанија

Барселона се враќа со три бода од гостувањето кај Реал Мадрид и си ги зголеми шансите за одбрана на титулата.

„Кралевите“ со играч помалку се изборија за 2-2 и беа на добар пат да освојат бод со кој ќе беа во пол позиција за титулата, но Лео Меси во 92. минута им ги скрши срцата на домаќините.

Голема заслуга за голот има и Серхи Роберто, кој претрча 50 метри, избегна два старта и ја изнесе топката на противничката половина.

Па Кристијано Роналдо „експлодираше“ кога Лео Меси ја затресе мрежата, и нервозно довикуваше „требаше да му направите фаул“.

Се верува дека овие зборови на Португалецот се насочени кон Марсело, кој имаше прилика да ја спречи контрата на гостите, но реши да одигра чисто.