24фудбал

„Играчите на Реал Мадрид секогаш сакаат да го повредат Меси, стартот на Рамос беше криминален“

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Фабио Капело смета дека Лионел Меси е постојана мета на играчите на кралскиот клуб кога се играат Ел Класико дуелите со Барселона.

Шпанија

Критики за играчите на Реал Мадрид од човекот кој два пати му ја има донесено шампионската титула на клубот во Примера.

Како гостин на Фокс Спортс Италија, Фабио Капело ги критикуваше играчите за грубоста кон Лео Меси, особено за стартот на Серхио Рамос кој доби директен црвен картон.

„Знаете дека секогаш кога има Класико тука, на Бернабеу, се случува тие да се обидуваат да го повредат Меси, и секогаш има црвен картон“ - вели Капело.

„Видете го стартот! Видете го стартот! Криминален старт. Чист фаул, црвениот картон беше чист“.

И покрај тоа што дел од мечот играше со фудбалер помалку Реал Мадрид успеа да изедначи а имаше шанса и да победи. Но откако не постигнаа гол, мечот го реши Меси во 92. минута.