24фудбал

Стигна потврда, „Волчицата“ ќе пазари под водство на најдобриот спортски директор

Рома во иднина ќе пазари под водство на еден од најдобрите спортски директори во светот на фудбалот, „Џалоросите“ попладнево го именуваа Мончи за нов спортски директор

Италија

„Римската Волчица“ конечно го потврди она што медиумите го најавуваа со месеци, Рамон Родригез Вердехо, познат како Мончи ќе биде задолжен за новите засилувања.

„Трансфер мозокот“ на Севиља, кој важи за еден од најдобрите спортски директори во светот на фудбалот, попладнево стави потпис на четири годишен договор.

„Рома е задоволна што може да соопшти дека го ангажираше Рамон Родригез Вердехо, познат како Мончи“ – гласеше известувањето на „Римската Волчица“.

За својата нова авантура, Шпанецот вели: „Би сакал да му се заблагодарам на претседателот Џејмс Палота што ми ја укажаа оваа шанса“.

„Ова е одличен проект, со нетрпение чекам да им служан на навивачите, персоналот и играчите на овој легендарен клуб“.