24фудбал

Белерин му се спротивстави на Венгер, ќе игра на Европско првенство против Македонија

Фудбалерот на Арсенал, Хектор Белерин очајно посакува да настапи на Европското првенство до 21 години за Шпанија која игра во група со Македонија.

Англија

По напорната сезона во Англија, Арсен Венгер инсистира Белерин да не прифати повик за настап на Европското првенство до 21 година за шпанија.

Но фудбалерот нема намера да го послуша и вели дека ако се најде на списокот на селекторот сигурно ќе настапи на шампионатот во Полска.

„Навистина сакам да играм. Многу ми значи да ја претставувам Шпанија, доколку добијам повик од селекторот сигурно ќе играм“ - вели Белерин.

„Мислењето на Венгер е поинакво, но тоа е само негово мислење. Вистина е дека имав тежок период по повредата, но сега сум максимално подготвен“.

На ЕП до 21 година, Шпанија се наоѓа во групата со Македонија, Србија и Португалија.