24фудбал

Чави открива: Гвардиола ја „мерка“ младата ѕвезда на Тотенхем

Легендата на Барселона, Чави вели дека разговарал со Пеп Гвардиола за трансфер плановите на Манчестер Сити и открива дека стратегот го посакува Дел Али од Тотенхем

Англија

Пеп Гвардиола ќе ја заврши првата сезона на кормилото на „Граѓантие“ без трофеј, па од сопствениците на клубот ќе добие огромен буџет за засилување на составот.

Се говори дека летоска Шпанецот на располагање ќе има помеѓу 200 и 250 милиони фунти за да донесе нови имиња на Етихад Стадионот.

Медиумите го поврзуваат Манчестер Сити со голем број на играчи, а легендата на Барселона, Чави открива дека Пеп Гвардиола особено е заинтересиран за Деле Али од Тотенхем.

„Разговарам со Пеп и тој мисли дека е важно да се купуваат англиски играчи – вели Чави.

„Сигурен сум дека летоска низ цела Европа ќе бара нови засилувања, но очекувам особено да погледне во Премиерлигата.


„Во моментов, најдобар англиски фудбалер, а и еден од најдобрите во Европа, е Деле Али.

„Се работи за специјален играч, технички добро поткован. Тој е играч по мерка на Пеп, играч кој се вклопува во стилот кој Пеп го сака.

„Сигурен сум дека Тотенхем нема лесно да се откаже од Деле Али, но Манчестер Сити има огромни ресурси.