Категорија: Шпанија 25.04.2017 15:28
„Каталонците“ ја разгорија битката за титулата во Примера откако со гол во завршните мигови од средбата славеа на дербито со Реал Мадрид.
„Победата на Бернабеу не не прави фаворити” – вели Луис Енрике.
„Реал Мадрид има натпревар помалку и може да не помине на табелата”.
„Распоредот ќе биде тежок за двата тима, ќе има одредени изненадувања до крајот на сезоната и резултати кои луѓето не ги очекуваат”.
„Ние треба да бидеме подготвени и да се погрижиме да не направиме кикс”.
Запрашан дали Барса е во предност поради тоа што Реал Мадрид има и двомеч со Атлетико Мадрид во Лигата на Шампионите, Енрике додава: „Никогаш не се знае тоа”.
„Би сакал да го имавме густиот распоред а Реал, тоа ќе значеше дека се уште играме во Лигата на Шампионите”.