24фудбал

Малме не го заборави Ибрахимовиќ, фановите упатија интересна порака до Златан (ФОТО)

Родниот град на Златан Ибрахимовиќ не го заборава својот јунак, фановите на Малме изразија поддршка за напаѓачот и му упатија интересна порака

Останато

Швеѓанецот заработи тешка повреда минатата недела на дуелот со Андерлехт и прогнозите не се добри.

Се верува дека Златан Ибрахимовиќ го има оштетено средниот вксретен лигамент и задниот вкрстен лигамент на коленото па го чека долга пауза.

Напаѓачот би требал да се врати на терените дури на почетокот од 2018, и неговата кариера во Манчестер јунајтед веројатно веќе е завршена.

Големи се шансите Златан Ибрахимовиќ следната година да заигра во МЛС, но доколку не биде фит и за првенството на САД, тој ќе може да се врати во родниот град.

Фановите на Малме не го заборавија својот херој и упатија интереса порака до „Ибракадабра“.

„Оздрави брзо Златан – во првенството на Шведска можеш да играш и со едно колено – гласеше транспарентот кој беше објавен на вчерашниот дуел со Ѓургарден.