24фудбал

Смолинг и Џонс не сакаат да стиснат заби и со повреда да играат, но Мурињо е спремен да настапи!

Манчестер јунајтед има голем број на повредени играчи, па Жозе Мурињо на шега вели дека тој би можел да истрча на теренот на дуелот со Свонси

Англија

Ерик Баји е единствениот здрав централен дефанзивец, и на последните два натпревари партнер во срцето на одбраната му беше Далеј Блинд.

Младиот Аксел Туанзебе исто така е опција, а и Жозе Мурињо е спремен да ги понуди и своите услуги.

„Во моментов, Баји е единствената опција на располагање – вели Мурињо. „Треба да бирам од Аксел, Ерик и Далеј.

„Мислам дека Ерик и Далеј одиграа неверојатно против Сити, но ќе треба да разговарам со нив за да видам како се чуствуваат.

„Тренирам напорно во теретаната, па и јас можам да бидам опција.

„Мурињо и Туанзебе против Свонси! – со насмевка на лицето додава „Специјалниот“, кој не може да се пофали со некоја фудбалска кариера.