24фудбал

Чапекоенсе ја освои првата титула по големата трагедија (ВИДЕО)

Бразилскиот фудбалски клуб, Чапекоенсе кој пред помалку од шест месеци го загуби речиси целиот тим во авионска несреќа, ја освои првата титула.

Јужна Америка

Чапекоенсе го освои државното првенство на Санта Катарина иако загуби на свој терен во реваншот од финалниот плеј-оф меч од Аваи со 1-0. Претходно со истиот резултат тие победија на гостувањето, а при таква ситуација титулата ја освојува оној кој бил подобро пласиран во регуларниот дел.

На 28. ноември минатата година на патот кон Меделин се урна авионот на Чапекоенсе во кој загина речиси целиот тим, се спасија само тројца фудбалери и оние кои поради разни причини останаа дома.

Бразилскиот тим беше комплетно обновен и му се врати на фудбалот во државното првенство на Санта Катарина и Копа Либертадорес.