24фудбал

Немири во Дортмунд, Тухел во кавга со управата, заминува од Борусија?

Германските медиуми пренесуваат дека тренерот на Борусија Дортмунд се скарал со дел од управата на клубот и веројатно ќе го напушти клубот по крајот на сезоната.

Галерија

Борусија Дортмунд завршува една сосема солидна сезона, ќе игра во финалето на германскиот клуб, испаднаа во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а во Бундеслигата ќе завршат на третото место кое води во елитното натпреварување.

Но и покрај тоа во клубот дошло до конфликт помеѓу тренерот Томас Тухел од една страна и дел од раководството од друга страна.

Поранешниот фудбалер на Борусија Дортмунд и репрезентативец на Австралија, Нед Зелиќ кој сега работи како новинар во Фокс Спорт ја открива сторијата. Според него, Томас Тухел влегол во жестока расправија со спортскиот директор, шефот на скаутите и претседателот на клубот.

Се шпекулира дека по ова тој ќе го напушти клубот, а раководството веќе ги разгледува опциите за негов наследник.

Тренерот на Ница, Лусијан Фавр е прв кандидат за нов тренер, тој има искуство во Бундеслигата откако претходно ги водеше Херта и Менхенгладбах.