24фудбал

Гризман: Јувентус ќе ја освои Лигата на шампионите, а Буфон Златната Топка

Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман смета дека Јувентус ќе го крене големиот пехар од Лигата на шампионите, а Џиџи Буфон ќе биде прогласен за најдобар играч во 2017.

Лига на Шампиони

Атлетико Мадрид веќе има комплекс од градскиот ривал Реал Мадрид во Лигата на шампионите, па нормално е што тие сакаат Јувентус да биде тој што ќе се радува во Кардиф.

Антоан Гризман верува дека италијанскиот тим ќе го крене трофејот, а Буфон Златната Топка и објаснува дека потешко е да се загуби финале отколку полуфинале.

„Јувентус ќе ја освои Лигата на шампионите а Џиџи Буфон Златната Топка“ - вели Гризман.

„Поразите во финалињата болат повеќе отколку во полуфиналето. Бидејќи вие си мислите дека ќе го кренете трофејот, си правите филмови со вашите луѓе... а потоа ќе загубите и многу е тешко“.

Финалето од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Јувентус се игра на 3. јуни во Кардиф.