24фудбал

Малага ќе добие 1 милион евра ако не го победи Реал и „Кралевите“ станат шампиони

Малага во недела го пречекува Раел Мадрид во последното коло од Ла Лига, популарните „Албиселестес“ ќе добијат 1 милион евра доколку не победат и „Кралевите“ станат шампиони

Шпанија

По вчерашната победа на гостувањето кај Селта во заостанатиот натпревар, Реал Мадрид изби на првото место на табелата со три бода повеќе од Барселона и направи значаен чекор кон титулата

Последна пречка е екипата на Малага, популарните „Албиселестес“ можат да го срушат шампионскиот сон на „Кралевите“.

Но тешко е за верување дека ќе се случи ова, покрај тоа што домаќините не се борат за ништо, а и на клупата го имаат Мичел кој во неколку наврати гордо истакна дека „Мадридиста“,  Малага ќе има и финансиска причина да не победи.

Клубот од Ла Росаледа ќе добие 1 милион евра ако Раел Мадрид стане шампион на Шпанија.

Ова се должи на трансферот на Иско од 2013.

Шпанецот се пресели на Бернабеу во зделка вредна 27 милиони евра, како и додатни бонуси од 3 милиони, односно 1 милион евра за освоена титула во следните пет години.