24фудбал

Сампаоли ќе ја предводи Аргентина?

Извесно е дека Сампаоли ќе стане нов селектор на Аргентина, се чека официјализација.

Јужна Америка

Педесетгодишниот аргентински стратег од клупата на шпанска Севилја, Хорхе Сампаоли на денешната пресконференција на својот тим во пресрет на утрешниот дуел со Осасуна во Примера, откри дека постои интерес од АФА за испразнетото селекторско место.

Постои интерес, јас отсекогаш сум имал желба да ја предводам мојата земја, тоа е мојот сон“ изјави Сампаоли кој притоа додаде дека Аргентинскиот фудбалски сојуз наскоро ќе преговара со Севилја околу неговото заминување.

Аргентина е без селектор од минатиот месец откако од клупата отказ доби Едгард Бауза по лошите резултати во јужноамериканските квалификации за Светското првенство во Русија кое се одржува идната година.