24фудбал

Драма во Франција: Амиен со гол во 96. минута за прв пат после цели 116 години меѓу елитата (ВИДЕО)

Расплетот околу борбата за влез во елитното друштво во Франција се одлучуваше во фото-финиш од натпреварите.

Франција

Неверојатна драма се случуваше во последното 38. коло од француската Лига 2, каде неколку екипи беа во можност да изборат пласман во највисокиот фудбалски ранг во оваа земја.

Она што е најинтересно, сите шест екипи кои претендираа за место меѓу првите три на табелата, забележаа триумфи во своите натпревари.

Дефинитивно најинтересно беше во Реим, каде истоимената екипа го пречека Амиен. Најнапред гостите први поведоа, за потоа Реим да го израмни резултатот.

Херој за Амиен беше „џокерот“ од клупата Бургард, кој во 96. минута од мечот му донесе историска победа на својот тим.

Бургард е стрелец на најважниот гол во историјата на Амиен, кој за прв пат во својата 116 годишна клупска историја ќе игра во Лига 1.

Како прв на табелата во второлигашкото друштво заврши Стразбур, па оваа екипа ќе се врати во најсилната фудбалска лига во Франција, додека Троја ќе игра бараж, својот противник ќе го дознае по одигрувањето на вечерашното, последно коло од Првата лига.