24фудбал

Гризман сакаше да се направи мангуп, но крај само му „украде“ хет-трик на Торес (ВИДЕО)

Антоан Гризман го спречи Фернандо Торес да се отпише од Висенте Калдерон со хет-трик, Французинот сакаше атрактивно да ја затресе мрежата но од фраер стана трагичар

Шпанија

Атлетико Мадрид славеше со 3-1 над Атлетик Билбао во последниот натпревар на Висенте Калдерон.

Фернандо Торес постигна два гола, но популарниот „Ел Нињо“ можеше да се отпише со хет-трик, долку Антоан Гризман не се обиде атрактивно да ја затресе мрежата.

При една контра во 57. минута, Торес го помина голманот на Билбао, но неговиот удар беше спречен на самата гол линија.

Сепак, топката доби ефе и движење кон голот, и веројатно тоа ќе беше хет-трик доколку Гризман не се замеша и со пета да ја смести топката во мержата.

Французинот беше во офсајд, па од мангуп стана трагичар.