24фудбал

Реакцијата на Модриќ и Бејл кога дознаа дека нема трофеј (ВИДЕО)

„Кралевите“ се нови шампиони на Шпанија, но играчите на Реал Мадрид ќе мора да почекаат за да му се израдуваат на новиот трофеј

Шпанија

Реал Мадрид за прв пат по 2012 стигна до титулата во Ла Лига откако во неделата победи со 0-2 на гостувањето кај Малага.

За многу играчи ова е прва титула од првенството на Шпанија, па на Ла Росаледа имаше големо славје, но недостасуваше една работа – шампионскиот трофеј.

Лука Модриќ и Герет Бејл сакаа да му се израдуваат на трофејот веднаш, но ѕвездите на Реал не може да поверуваат кога им беше соопштено дека нема трофеј, и дека истиот ќе се додели на почетокот од следната сезона.

Кога Герет Бејл му се пожали на Кристијано Роналдо, Португалецот му одговори: „Ова е глупава шега, е*ана шега”.