24фудбал

Официјално: Реал Мадрид ја доби битката за бразилското „чудо од дете“

Тоа што бразилските медиуми го најавија изминатиов период, денес се оствари, шпанскиот гигант и официјално ја доби битката за вундеркидот од Фламенго.

Шпанија

16 годишниот бразилски суперталентиран фудбалер, Винисиус Јуниор и официјално ќе биде дел од редовите на овогодинешниот шампион на Шпанија, Реал Мадрид.

Официјалната сума која „Кралскиот клуб“ треба да му ја исплати на Фламенго изнесува 45 милиони евра, со додатни 16 милиони евра наменети како провизии и бонуси за фудбалерот, тимот од Мадрид овој трансфер ќе го комплетира за околу 61 милион евра.

Според договореното, Винисиус наредните две сезони ќе настапува за Фламенго, откако ќе наполни 18 години ќе се пресели во редовите на Реал Мадрид.

Младиот напаѓач по стартните две кола од новата сезона во Бразил забележа исто толку и настапи за својот клуб во сениорската конкуренција.

Во битката за Винисиус беше вклучен и најголемиот ривал на Реал Мадрид, тимот на Барселона кој извиси во целата оваа ситуација.