24фудбал

Тренерот на Ајакс: Ако не се нервозни моите фудбалери одма ги праќам на доктор

Тренерот на Ајакс, Питер Бос вели дека не е нормално фудбалерите да не бидат нервозни пред големо финале.

Лига Европа

Ајакс утре игра финале во Лига Европа против Манчестер јунајтед, холандскиот тим ќе се обиде да го изненади фаворитот и да дојде до голем трофеј во својата витрина.

„Би ги пратил моите фудбалери директно на доктор доколку не се нервозни, особено што ова е нивно прво финале. Тотално нормално е да бидеш нервозен, јас само треба да ги осигурам нервозата да не им влијае на играта“ - вели тренерот на Ајакс.

„Имаме шанса да го победиме Манчестер јунајтед доколку ја примениме нашата игра. Знам дека моите фудбалер се млади и треба да ги подготвиме. Тоа ја прави мојата работа интересна“.