24фудбал

Раниери откри кој му е најдобар трансфер во кариерта: Го купив за 5 милион го продадоа за 60

Клаудио Раниери открива кој му е најдобар трансфер во кариерата, стратегот изненади со својот избор, и ја одбра зделката со која Антони Марсијал заврши во Монако

Останато

Италијанецот зад себе има тренерска кариера од над 30 години во која беше на коримилото на голем број клубови, помеѓу кои Наполи, Фиорентина, Валенсија, Атлетико Мадрид, Челси, Јувентус, Рома, Интер, Монако и Лестер.

Клаудио Раниери има купено голем број на играчи, па беше запрашан за најдобриот трансфер.

Италијанецот направи малку чуден избор, со оглед на тоа дека може да се пофали дека го има донесено Франк Лапард во Челси и Нголо Канте во Лестер.

Франк Лапард стана легенда на „Сините“ и еден од најдобрите играчи во историјата на Премиерлигата, а Нголо Канте две години по ред е шампион на Англија со Лестер и Челси, и оваа сезона беше прогласен за Фудбалер на Годината во Премиерлигата.

Клаудио Раниери вели дека најдобар трансфер му е Антони Марсијал кого го донесе во Монако од редовите на Лион

„Мислам дека најдобар трансфер ми е Марсијал во Монако“ – вели Раниери.

„Го купивме за пет милиони евра и го продадоа за 60 милиони евра.