24фудбал

Манчестер Сити со 100 милиони фунти на шопинг во Северен Лондон

Според англискиот весник „Мирор“, Манчестер Сити со 100 милиони фунти сака да купи двајца фудбалери од ривалите за високите позиции, Алексис Санчез од Арсенал и Кајл Вокер од Тотенхем.

Англија

Пеп Гвардиола не беше конкурентен за титулата во Премиерлигата во својата првата сезона во Англија, а рано испадна и од Лигата на шампионите, па подготвен е сериозно да инвестира во тимот.

„Мирор“ пишува дека Алексис Санчез од Арсенал и Кајл Вокер од Тотенхем се високо на листата на желби кај него и клубот е подготвен да издвои и 100 милиони фунти за да дојде до двјацата фудбалери.

Алексис Санчез сигурно ќе го напушти Арсенал, но има повеќе кандидати за неговиот потпис, покрај Сити интерес има и од Баерн Минхен и ПСЖ. Клубот ќе се обиде да го продаде надвор од Англија, но и Чилеанецот треба да ја каже својата желба, а според „Мирор“ таа е да остане во Премиерлигата.

Манчестер Сити е подготвен да одвои 50 милиони фунти за Санчез, исто колку и за Кајл Вокер од Тотенхем.

Тотенхем е подготвен да го продаде Вокер кој на неколку средби го загуби местото од Киеран Трипие. Тимот има одлична замена, а цената на Вокер се уште е многу висока. Покрај Сити, за него интерес има и од Баерн Минхен и Челси.

Манчестер Сити е уверен дека може да ги добие битките со конкурентите и Алексис Санчез и Кајл Вокер идната сезона да го носат светло синиот дрес.