24фудбал

Бекам: Голема ноќ за Манчестер јунајтед, уште поголема за градот

Манчестер јунајтед го освои трофејот од Лига Европа во период кога во нивниот град луѓето се уште се шокирани од терористичкиот напад во кој загинаа 22 луѓе.

Лига на Шампиони

Дејвид Бекам кој со Манчестер јунајтед ја освои и Лигата на шампионите, вели дека вчерашниот трофеј му дава малку радост на градот во овој тажен период.

„Вечерва беше поважна од спортот. Голема ноќ за Манчестер јунајтед, но уште поголема за градот и земјата“ - вели Дејвид Бекам.

„Во време кога жалиме за фамилиите кои ги загубија своите сакани, имаме спорт и тоа влева малку среќа во овој тежок период. Се молиме за мир“.

Поранешниот дефанзивец на Јунајтед, Фил Невил вели дека клубот треба да организира парада кога ќе се врати, тоа би го кренало духот на градот.

„Кога ние ја освоивме Лигата на шампионите парадиравме со трофејот во центарот на градот, завршивме во арената и прославивме таму, беше неверојатно“ - вели Невил.

„По тоа што се случи во понеделникот, Јунајтед треба да парадира низ градот и да заврши во арената. Мислам дека тоа би било посебно“.

„Фудбалот може да донесе фантастични работи, па донесете го во Манчестер и споделете го успехот со градот“.